Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 1,84 % во однос на претходната недела.
Според новата одлука, од вечерва по полноќ цената на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува половина денар за литар и ќе изнесува 71 денар, а „евросупер БС-98“ и „евродизел“ (Д-Е V) ќе бидат поскапи за 1 денар и ќе се продваат за 73, односно 62,50 денара за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува еден и пол денар за литар и ќе изнесува 62,50 денара.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден./кг.
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,338 %, дизелот за 3,952 %, екстра-лесното масло за 4,602 % и кај мазутот зголемувањето е за 3,891 %, посочуваат од Регулаторната комисија.